21 questions
Што од наведеното е најдобар пример за механичка работа?
Држење на вреќа од 30 килограми
Подигнување на ќесе со намирници
Држење на змеј додека дува ветер
Туркање на автомобил кој не може да се придвижи
Која е ознака за единица мера за работа?
N
W
J
T
Натпреварувачот на скејтборд се движи од положба 1 до положба 4. Во која положба натпреварувачот има најголема кинетичка енергија?
1
2
3
4
Ако кинетичката енергија се зголеми четирипати, тогаш што ќе се случи со брзината на телото?
Ќе се зголеми двапати
Ќе се зголеми четирипати
Ќе се намали двапати
Ќе се намали четирипати
Работник дејствува со сила од 100 њутни на карпа во текот на шест секунди, но, карпата не се поместува. Колкава работа извршил работникот врз карпата?
0,0 Ј
0,6 Ј
100 Ј
600 Ј
Тело во близина на Земјината површина, на висина h, има гравитационата потенцијална енергија 100 Ј. Ако на Месечината гравитационото забрзување е шест пати помало отколку на Земјата, тогаш на која висина мора да биде истото тоа тело за да гравитационата потенцијална енергија би била иста како на Земјата?
на пати помала висина отколку на Земјата
на 6 пати помала висина отколку на Земјата
на пати поголема висина отколку на Земјата
на 6 пати поголема висина отколку на Земјата
Кога јаболкото паѓа од дрвото, тогаш кој вид на енергија се зголемува? Да се занемари отпорот на воздухот.
механичката енергија
потенцијалната енергија
кинетичката енергија
внатрешната енергија
Кој од наведените искази ја опишува механичката енергија на количка кој мирува на врв од рид?
Количката нема механичка енергија
Целата механичка енергија од количката е кинетичка
Целата механичка енергија од количката е потенцијална
Половината од механичката енергија од количката е кинетичка, половината потенцијална
Количка со маса М се движи по мазна подлога, тргнувајќи од висина h1, како што е прикажано на сликата. Колкава кинетичка енергија ќе има количката кога ќе го достигне врвот на следниото брдо на висина h2?
Mgh1
Mg(h1 - h2)
Mg(h2 – h3)
0
Кој пар физички величини можеме да ги изразиме во исти единици мери?
работата и кинетичката енергија
забрзувањето и брзината
притисокото и тежината
моќноста и силата
Која е основна единица мера за механичка работа?
Њутн
Џул
Ват
Тесла
На што е еднаков еден џул изразен преку основните единици мери од SI?
Ns
N/s
Nm
N/m
Што се случува со кинетичката енергија кога автомобилот ќе ја дуплира брзината?
Кинетичката енергија ќе стане четирипати поголема
Кинетичката енергија ќе стане двапати поголема
Кинетичката енергија ќе остане непроменета
Кинетичката енергија ќе се преполови
Ако кинетичката енергија се намали деветпати, тогаш што ќе се случи со брзината на телото?
Ќе се зголеми деветпати
Ќе се зголеми трипати
Ќе се намали трипати
Ќе се намали деветпати
Колкава е кинетичката енергија на тело со маса 10 килограми кое се движи со брзина од 10 m/s?
100 J
500 J
1000 J
5000 J
Кога јаболкото паѓа од дрвото, тогаш кој вид на енергија се намалува? Да се занемари отпорот на воздухот.
механичката енергија
потенцијалната енергија
кинетичката енергија
внатрешната енергија
Кои две величини се сразмерни кај вертикалниот истрел?
висината и потенцијалната енергија на телото
потенцијалната и кинетичката енергија на телото
кинетичката енергија и брзината на телото
брзината и висината на телото
На дијаграмот е прикажана патеката на момче кое се санка. Тргнал од точка А и покасно поминал низ точката Б во рамнината. Ако претпоставиме дека помеѓу подлогата и санката нема триење, тогаш кој од понудените искази на најдобар начина ја опишува енергијата од ученикот на санката?
Вкупната енергија во точка А е помала отколку во точка Б
Вкупната енергија во точка А е поголема отколку во точка Б
Потенцијалната енергија во точка А се претвора во кинетичка во точка Б
Кинетичката енергија во точка А се претвор а во потенцијална во точка Б
На сликата со броеви се означени четири моменти при движењето на тениско топче кое се одбива од подот. Во кој момент топчето има најголема кинетичка енергија
1
2
3
4
Топка се движи така што отскокнува од подот, како што е прикажано на дијаграмот. Во која точката топчето има најголема кинетичка енергија?
1
2
3
4
На што е еднаква работата потребна да се запри некое тело?
на почетната кинетичка енергија од телото
на брзината од телото
на производот од масата и забрзувањето на телото
на производот од масата и брзината на телото